Освен што шоуто за таленти Х-фактор ни донесе нови музички ѕвезди, меѓу двајца од нив се роди и љубов!
Младен Лукиќ, еден од натпреварувачите на Жељко Јоксимовиќ и Катерина Манојловиќ која е под менторство на Кристина Ковач, станаа првата љубовна двојка која се роди во ова шоу.
Тие велат дека се поддржуваат еден со друг во понатамошниот тек на натпреварот, додавајќи дека откако се запознале и вљубиле, повеќе ништо друго не им е важно.
Во видеото кое следи погледнете како заедно пее оваа вљубена двојка.